Дојде време и за првиот Бадијала турнир во counter strike па да ви напишам нешто околу тоа за почеток, се надевам дека ќе има голема заинтересираност и ќе успееме да го реализираме турнирот.
1. Правила
- Забрането е секакво користење на читови/скрипти и останати помагала.
- Доколку тимот не дојде на натпреварот во предходно договореното време, може да се почена највеќе 20 минути во спротивно се зима како службен натпреварот.
- Дозволени е 1 прекин (тајмаут) на двата тима побаран од страна на капитенот за секоја мапа посебно.
- Потребно е секој тим да има 5 играчи + 1 резерва зошто иде лето и некој можеби ќе отсуствува па да можеме да го пополни тимот за да играта започне.
- Задолжително е да ви биде ставено на 32 бити (Options -> Video -> Color Quality).
- Обавезно пред почетокот на натпреварот сите играчи џиткаат димна бомба и притоа прават принт скрин свртени кон бомбата да се види дали навистина им е поставено на 32 бити.
- После натпреварот капитенот на тимот треба да ги предаде принт/скриновите од сите 5 играчи во тимот на организаторот, во спротивно се рачуна како тимот да го изгубил натпреварот службено.
- Пријавите испратете ги по приватна порака кај мене со следните информации: име на тимот, капитен, никовите на форумот и во играта на играчите.
2. Подесувања во играта
- Употребување на конзола во текот на играта не е дозволено.
- Употреба на скрипти не е дозволено.
- Поставување на silent bombs (поставување на бомба на нечујни места) не е дозволено.
- Забрането е Mapswimming односно пливање по текстурите на мапите.
- Bunny hopping-ot (матрикс) е дозволен без скрипта.
- Биндување “+duck“ на mouse wheel (скролање) е забрането.
3. Подесувања на серверот
- mp_c4timer 35
- mp_friendlyfire 1
- mp_roundtime 1.75
- mp_freezetime 10
- mp_startmoney 800
- mp_buytime 0.25
Се игра по 15 T/CT значи 15 партии земени/изгубени како CT потоа T, доколку е нерешено се играат дополнителни 3 партии со подесувања - mp_startmoney 16000.
3. Награди & мапи
- de_dust2
- de_inferno
- de_nuke
Се игра на 2 добиени, а наградите се следните:
1 место - слотови за сите 5 играчи (времетраење: 1 месец) + добиваат 7000 БП поени по играч.
2 место - Добиваат само 5000 БП поени по играч.
3 место - Добиваат 1000 БП поени по играч.
- Можно е зголемување на наградите, и доколку некој сака плус да донира поени, акаунти или нешто слично нека пише приватна порака.
Сега чекаме да се пријават 8 тима, првите 2 тима од секоја група одат понатаму. Доколку не успееме да собереме 8 тима одиме со 6 тима - од секоја група минат првите 2 понатаму. И да заборавив да пишам сите оние коишто сакаат да играат а немаат тим пишете во темава ќе најдете играчи/тимови на коишто им требаат играчи.
И за крај да напоменам не е битно дали сте слаби/јаки пријавете се сепак ова е за забава и пробајте си ја среќата. Наскоро во овој пост ќе дополнам за тимовите кои се пријавиле на турнирот.