Бадијала Форуми


Бадијала Форуми правила
Правила на форумот
За да продолжиш, мора да се согласиш со следниве правила:

Правила на форумот

Регистрацијата на форумот е бесплатна! Ве молиме, прочитајте ги подолните правила, кои важат на форумот. Ако се согласувате со условите, ве молиме означете го полето „Се согласувам“, и притиснете на копчето „Регистрирај се“. Ако сакате да ја прекинете регистрацијата, кликнете овде за да се вратите на почетната страна.

1. Основни правила на форумот
1.1 Бадијала! Форуми е форум за членови чија годишна граница е поголема од 13, што значи дека членовите мора да бидат минимум 13 години или постари од тоа.
1.2 Експлицитен и вулгарен јазик, дискриминација и навреди базирани на националност, религија, култура и верувања се строго забранети!
1.3 Еден член може да користи само едно корисничко име. Доколку користи повеќе од едно, трајно му се забранува пристапот до форумот.
1.4Користете го копчето за пријави, но бидете умерени во тоа.
1.5Имперсонирање на член од администрацијата е сериозен прекршок и резултира со траен бан, без претходни предупредувања и право за ревизија, без оглед на намерата на имперсонаторот.
1.6Официјален јазик на форумот е македонскиот, а писмо кириличното. Задолжително е постовите да се пишуваат на македонски, притоа користејќи кирилична подршка. Ако ви треба помош при вклучување на кирилицата, видете овде.

2. Систем за опомени
2.1 Членовите кои не ги почитуваат правилата ќе бидат предупредени или веднаш банирани во зависност од мислењето на модераторот на форумот каде што го прекршиле правилото.
2.2 Членовите можат да бидат опоменети најмногу до три пати. На третата опомена, ќе биде веднаш санкциониран. Ова не значи дека треба да добиете прво предупредување, пред да бидете банирани, модераторите можат да ве банираат без предупредување во зависност од навредата.
2.3 Секое предупредување има времетраење, освен ако не се добие бан. Предупредувањето истекува по извесен временски период.

3. Етика на постирање (манири)
3.1 Сите наслови мора да имаат целосен опис (дескрипција).
3.2 Кон членовите однесувајте се позитивно и со почит. Непотребни караници со членовите може да резултираат со опомени, евентуално бан.
3.3 Темите мора да се отвораат во соодветните форуми. Ве молиме, читајте ги описите на форумите пред да постирате.
3.4 Насловите на темите мора да се описни.

Пример:
Добар пример е "Ми треба помош со игра".
Лош пример е "ПОМОШШШ!".

3.5 Двојно постирање е дозволено само кога одговорот има релевантна информација која е корисна за продолжување на дискусијата во темата. Кратки интервали на двојно постирање не се дозволени за да се пренесе темата на првата страна од истата личност.

Пример:
Дозволено: Во темата се дискутира за некој настан. Дискусијата замрела, но се појавил нов контраверзен доказ да ги заврте нештата на друга страна. Одговор со такви информации кој е точен и корисен е дозволен.
Дозволено: Барања (ги вклучува барањата во Helpdesk) може да бидат флудирани еднаш на секои 48 часа од последната реплика.
Недозволено: Двојно постирање на темите континуирано за да се појават на првите неколку страни на соодветниот форум.

3.6 Пишување на истите линкови може да доведе до опомена, особено ако имате ваша независна тема за комплет од линкови и сеуште ги пишувате истите линкови во слични теми со вашата. Исто така, користете го „Измени“ копчето кога го внесувате вашиот одговор ако вие сте последен да постира во темата.
3.7 Содржината на мислењата не треба да се експлицитни, нападни и шокирачки, освен ако не се во едукативна смисла.

Пример:
Најчесто за филмови: Мејнстрим хорор и крвави филмови се дозволени. Клипови како што се реални сцени со смрт, насилство врз животни, и се друго што е ненормално/болно не е дозволено.
Недозволено: Хакирање, измама, поврзано со дрога, порно и политички/религиозни содржини, дури и да се едукативни.

3.8 Сите врски мора да се кодирани - вклучувајќи, но не ограничувајќи се на е-меил адреси, лозинки и внатрешни линкови. Пример:

Код:
[code]Вашата врска овде[/code]

3.9 Уништување на темите не е дозволено (пишување надвор од насловот на темата - Off-Topic).
3.10 Додавајте префикси пред постирање на теми во форумите Игри, Филмови, Апликации, 18+.
3.11 Најстрого е забрането постирање на phishing линкови.
3.12 Употребување на необични методи во насловот и описот за да привлечат внимание не е дозволено.

Пример: ***МОРА ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ**, ВИДИ ГО ОВА, НАЈНОВА ВЕРЗИЈА и слично.

3.13 За секој линк за друга апликација, филм и тн, отварајте нова тема.

4. Спам правила
4.1 Рекламирање на ваши сајтови е забрането, освен доколку не ставите повратни линкови на видливо место во форма на банер до Бадијала! Форумот. Под видливо место се подразбира било кој простор од 150х200 пиксели или повеќе на почетната страница, на површина која се прикажува без скролување во било која насока.
4.2 Доколку одлучите да објавите линк од кој може да профитира секој, не смее да биде сајт од една од овие категории: Реферали, warez сајтови, сајтови кои бараат регистрирање и претплата за пристап.
4.3 Лозинките со кои се рекламира друг сајт се дозволени ако има потреба. Ако лозинките не се потребни, членот ке биде казнет како спамер.
4.4 Претерано постирање на слични пораки за да се покачи бројот на мислења не е дозволен.
4.5 Забрането е рекламирање на други сајтови во вашиот потпис, со исклучок на сајтовите кои се наши официјални партнери или доколку имате писмено одобрение од администратор.

4.6 Секое спамирање преку приватни пораки ќе биде веднаш санкционирано; предупредувања или казни за членот кој спамира нема да има.

5. Размена и побарувања
5.1 Морате да имате најмалку 10 мислења за да побарате нешто.
5.2 На никој член не му е дозволено да го даде својот Бадијала акаунт на друг корисник. Трансфер на акаунт (теми, мислења, фала и репутација) не е дозволено. Акаунтот останува единствено за вас.

6. Приватни пораки
6.1 Правилата важат насекаде низ Бадијала! Форумот, освен во приватните пораки. Сепак, во одредени случаи администрацијата на Бадијала го има правото да интервенира.

7. Аватари и потписи
7.1 Правилата важат за сите аватари и потписи.
7.2 Максималните димензии на потписите треба да изнесуваат 500 x 200 пиксели.
7.3 Тежината на потписите не смее да биде поголема од 100KB.
7.4 Корисничките имиња (никовите) не смеат да надминуваат повеќе од 15 карактери и во себе не смеат да содржат адреси на мејлови или пак адреси на други веб страни.

8. Останати правила
8.1 Барања за поставување на некоја тема како важна: Ве молиме не барајте од нас некоја тема да ја поставиме како важна; доколку некоја тема навистина вреди ќе биде поставена.
8.2 Менување на корисничко име не е дозволено
8.3 Секое прашање дали можете да бидете дел од администрацијата ќе ви ги скрати шансите да бидете дел од истата. Ова важи и за VIP членовите.
8.4 Правилата важат за сите членови – без линкови за препораки, линкови кои водат до порно сајтови за детска порнографија или пак други warez сајтови.
8.5 Забрането е јавно барање или нудење на било какви акаунти. Истото ќе биде соодветно казнето.
8.6 Бадијала! го задржува правото да ги измени овие правила без предходни известувања.





Бадијала 2006-2010 - Поддржано од vBulletin